Леванте ја совлада Мајорка со 2-1 во првиот натпревар од 14. коло во шпанската Ла лига. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, а домашните поведоа со голот на Рожер во 52. минута. Израмнување донесе Родригез во 65. минута, а конечните 2-1 ги постави Рочина во 73. минута. До крај за издвојување е и вториот жолт картон кој го заработи фудбалерот на Леванте Кампања.
Енес Барди доби шанса во 79. минута, додека Александар Трајковски поради повредата која ја заработи на мечот против Австрија беше надвор од тимот на Мајорка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА