Валенсија го совлада Леванте со 3-1 во градската пресметка и се доближи на три бода негатива до четвртопласираната Севилја, која ја чува позицијата која води во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 77.минута, но не успеа да стори ништо повеќе за избегнување на поразот на својот тим.
Санти Мина беше стрелец на два гола за „лилјаците“ на овој меч, а во листата на стрелците се запиша и Гуедеш. Голот за Леванте всушност беше автогол што го постигна Солер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА