Кога се чинеше дека мечот помеѓу Леванте и Алавес во рамки од 26. коло во шпанската Ла Лига ќе заврши без голови, во финишот домашните со два гола успеаја да дојдат до победа, која им дава надеж дека може да дојдат до опстанок.
За водството се погрижи Еспи во 88. минута. По нафрлена топка од десната страна, Еспи најпрво ја прими топката, па потоа шутираше прецизно во горниот лев агол за предност.
Истиот играч во седмата минута од судиското надополнување успеа да донесе и 2-0, и важна победа за Леванте во битката за опстанокот и прекин на лошата серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

