Леванте со понуда за Дарко Велковски

Шпанскиот второлигаш Леванте би можел наскоро да добие нов македонски фудбалер во своите редови. Шпанците после Енис Барди кој долги години го носеше дресот на овој тим пред да се пресели во Трабзонспор, сега би можеле да го ангажираат Дарко Велковски.

ЕКИПА дознава дека Леванте веќе стапил во контакт со Дарко Велковски, за негов ангажман, и му ги соопштиле понудените услови. Велковски наводно ја одбил првата понуда, по што стигнала втора, подобра, па сега самиот играч треба да одлучи дали ќе ја прифати. За него има интерес и од Турција, но според информациите, македонскиот репрезентативец не е заинтересиран за преселба во Хатајспор.

Велковски е без клуб, откако настапуваше за Динамо Букурешт. Беше дел од Ал Етифак, а четири години беше дел од Ријека. Претходно настапуваше за Вардар и за Работнички. Тој има одиграно 50 натпревари за македонската репрезентација.

Во следните часови се очекува уште еден Македонец да се пресели во Шпанија. Станува збор за Бојан Миовски кој ќе го облече дресот на Жирона.

Се вчитува...