Фудбалерите на Баер Леверкузен ја продолжуваат сезоната без пораз откако денеска славеа на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 1-5. Водство за гостите од 0-1 донесе Гранит Џака во 12. минута.
Домаќините израмнија на 1-1 преку Екитике во 32. минута, а до крајот на првиот дел Леверкузен стигна до ново водство (1-2) преку Шик во 44. минута. Во 58. минута Паласиос зголеми на 1-3 од пенал. На 1-4 зголеми Фримпонг во 77. минута, додека конечните 1-5 беа дело на Бонифејс од пенал во 89. минута.
Eintracht Frankfurt 1 – [4] Bayer Leverkusen – Jeremie Frimpong 77′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА