Леверкузен избра: Тен Хаг е наследникот на Чаби Алонсо

Ерик тен Хаг е стратегот што ќе го води Баер Леверкузен од следната сезона откако управата на „фармацевтите“ го избра токму Холанѓанецот за наследник на Чаби Алонсо, кој летово се сели на клупата на Реал Мадрид.

Доскорешниот првак на Германија разговараше со неколку врвни стратези, прв избор беше Цеск Фабрегас, а откако Шпанецот реши да остане во Комо во преден план се истакна Тен Хаг. Екс-стратегот на Манчестер јунајтед пред неколку дена начелно ги договори условите, но управата на клубот побара уште краток рок за да разговара со уште неколку кандидати пред да донесе конечна одлука.

Весникот „Кикер“ доцна синоќа објави дека конечниот избор е донесен – Тен Хаг летово пристигнува на „Бај Арена“, и тоа со потпис на договор на две плус една сезони. Без оглед на слабиот впечаток што го остави на чело на Манчестер Јунајтед, Холанѓанецот го искористи успешното резиме со Ајакс за да ги убеди челниците на Баер да му дадат шанса во Бундес-лигата.

Останува да се види како тој ќе се снајде ако се земе во предвид големиот играчки ремонт кај „фармацевтите“ и заминувањата на клучни играчи како Вирц, Фримпонг и Тах.

Се вчитува...