Леверкузен ја најде замената за Тен Хаг?

Баер Леверкузен е блиску до договор со нов тренер. „Фармацевтите“ преговараат со неколку опции, а се чини дека сега се најблиску до договор со Каспер Хјумланд.

По неочекувано брзата разделба со Ерик Тен Хаг, со кого клубот раскина поради лоши резултати и работна етика, Леверкузен мораше да бара нов тренер. Се зборуваше за некои позвучни тренерски имиња, но одлуката падна на искусниот дански стручњак.

Данскиот стручњак веќе беше во Бундеслигата во својата кариера. Тој го водеше Мајнц во периодот од 2014 до 2015 година, а ги тренираше и Лингби, Нордсјеланд и беше селектор на Данска.

Се вчитува...