Фудбалерите на Баер Леверкузен продолжуваат со неверојатните резултати сезонава, откако и на стартот на месец април се уште се непоразени во сите натпреварувања.
Избраниците на Чаби Алонсо изборија пласман во финалето на германскиот национален куп откако вечерва на домашен терен ја прегазија Фортуна Дизелдорф со убедливи 4-0.
Водство за домаќините од 1-0 донесе Фримпонг уште во 7. минута од мечот. На 2-0 зголеми Адли во 20. минута, до крајот на првото полувреме беше и 3-0 со голот на Вирц во 35. минута. Конечните 4-0 беа дело исто така на Вирц во 60. минута од пенал.
Bayer Leverkusen [4] – 0 Dusseldorf – Florian Wirtz 60′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА