Баер Леверкузен пропушти можност за доближување до водечките две позиции во Бундеслигата, откако во 21. коло ремизираше (2-2) со Мајнц.
Леверкузен имаше предност од 2-0 се до финишот против аутсајдерот, кој до ремито дојде со головите на Глецел во 89. минута и Штогер во 92. минута.
Халанд, пак, ја спасуваше Борусија Дортмунд од пораз на мечот против Хофенхајм за конечни 2-2. Халанд погоди во 81. минута за конечни 2-2.
#BVBTSG
Dortmund 2-2 Hoffenheim – GOAL! Haaland ?pic.twitter.com/JDTKWprrHr— ???? ????? (@Fastgoal2) February 13, 2021
И останатите два попладневни натпревари од ова коло во Бундеслигата завршија без победник.
РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО
Баер Леверкузен – Мајнц 2-2
Борусија Дортмунд – Хофенхајм 2-2
Штутгарт – Херта 1-1
Вердер – Фрајбург 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

