Актуелниот шампион на Германија, Баер Леверкузен одигра само реми 2-2 на домашен терен против Кил во натпревар од 6. коло во Бундеслигата. Домаќините многу брзо стигнаа до водство од 2-0 со головите на Бонифејс во 4. и Хофман во 8. минута.
Во 26. минута Бонифејс го постигна и својот втор гол, но по проверка на ВАР тој беше поништен поради офсајд. Ова како да ги разбуди гостите кои прво преку Гешвил во судиското надополнување во првото полувреме намалија на 2-1, додека до крајот успеаја да стигнат и до реми 2-2 преку Арп од пенал во 69. минута.
Bayer Leverkusen 2 – [2] Holstein Kiel – Fiete Arp penalty 69'
byu/etclassico insoccer
Борусија Дортмунд загуби на гостувањето кај Унион Берлин со 2-1. Домаќините поведоа со 2-0 со головите на Вохт од пенал во 26. и на Вертесен во 45. минута. Во вториот дел гостите успеаја само да го ублажат поразот (2-1) преку Раерсон во 62. минута.
Union Berlin 2 – [1] Dortmund – Julian Ryerson 62'
byu/etclassico insoccer
Во останатите мечеви од програмата од 15.30 часот: Вердер – Фрајбург 0-1 и Бохум – Волфсбург 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА