Баер Леверкузен испиша историја откако стана првиот клуб во топ 5 лигите во Европа по Арсенал во овој милениум кој успеал една лигашка кампања да ја помине без пораз во домашниот шампионат.
„Фармацевтите“ денеска во последното коло на домашен терен со 2-1 славеа над Аугзбург. Бонифејс во 12. минута донесе водство од 1-0 за домаќините, додека на 2-0 зголеми Андрих во 27. минута. Конечните 2-1 беа дело на Комур во 62. минута.
Томас Тухел во негов стил замина од Баерн Минхен откако Хофенхајм го понижи во последното коло со 4-2. Херој за домаќините на овој меч беше хрватскиот интернационалец Крамариќ кој беше стрелец на три гола.
Hoffenheim [3] – 2 Bayern Munich – Andrej Kramaric 85′
byu/etclassico insoccer
Овој пораз го искористи Штутгарт кој со победата над Борусија Менхенгладбах од 4-0 на крајот го освои второто место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА