Баер Леверкузен е се поблиску до обезбедување место во Лигата на шампионите следната сезона откако во 32. коло од Бундеслигата славеше против Келн со 3-1. Борусија Дортмунд, пак, откако ја загуби битката за титулата сега загуби и од Мајнц кој си обезбеди опстанок во елитното друштво.
Леверкузен до триумфот против Келн дојде благодарение на головите на Бендер, Хаверц и Диаби.
Мајнц, пак, славеше на гостувањето против Борусија Дортмунд со 0-2. Стрелци на головите беа Буркард во 33. минута, и Матета во 55. минута од пенал.
РЕЗУЛТАТИ – 32. КОЛО
Борусија Д. – Мајнц 0-2
Баер Л. – Келн 3-1
Лајпциг – Дизелдорф 2-2
Аугсбург – Хофенхајм 1-3
Ајнтрахт Ф. – Шалке 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

