Баер Леверкузен дојде и до втората победа сезонава во 3. коло од Бундеслигата, триумфирајќи убедливо со 1-4 на гостувањето против Хофенхајм
Одличен во првото полувреме кај Леверкузен беше Нигериецот Виктор Бонифаче, кој најпрво во 17. минута асистираше за погодок на Терие за 0-1, а потоа во 30. минута и самиот стрелаше за 0-2.
Откако домашните намалија на 1-2 пред полувремето, во вториот дел Вирц во 72. минута и потоа повторно Бонифаче со својот втор гол во 75. минута заокружи на 1-4.
Лајпциг, пак, по двете претходни победи сега ремизираше без голови пред своите навивачи со Унион Берлин. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана само на клупата за резервни фудбалери, не добивајќи шанса на мечот.
И Ајнтрахт Франкфурт дојде до втората победа сезонава, победувајќи со 1-2 на гостувањето против Волфсбург. Штутгарт на гости го победи Менхенгладбах со 1-3, а единствената домашна победа ја запиша Фрајбург против Бохум со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА