Леверкузен во свој стил: Од „амбисот“, до нова победа (ВИДЕО)

Баер Леверкузен се пласираше во полуфиналето на Националниот куп на Германија, откако вечерва во трилер меч на домашен терен во четвртфиналето славеше над Келн со 3-2.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Доунс во судиското надополнување од првото полувреме. На 0-2 зголеми Маина во 54. минута. Патрик Шик во 61. минута намали на 1-2, а повторно како многу пати сезоната „фармацевтите“ успеаја да се извлечат во финишот (2-2) со вториот гол на Патрик Шик во 96. минута и да го одведат натпреварот во продолженија.

Таму херој за домашниот тим Бонифејс кој во 98. минута го постигна голот за 3-2.

Bayer Leverkusen 0 – [2] FC Koln – Linton Maina 54'
byu/dotuan211 insoccer

Се вчитува...