Македонската футсал репрезентација вечерва од 20 часот против Словенија во СЦ „Јане Сандански“ ги почнува натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за СП 2020.
„Свесни сме каков натпревар не очекува вечерва против Словенија. Овие неколку денови од подготовките работевме напорно и ќе се обидеме силно да се спротивставиме на Словенија и покрај проблемите со повреди на одредени наши играчи со кои се соочуваме” – вели капитенот Зоран Левески, и дополнува:
„Треба од почеток да бидеме трпеливи и да ја чекаме нашата можност, но и доволно агресивни, посебно во одбрана. Верувам дека имаме шанса против Словенија, од нас може да очекувате труд и големо залагање. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, одлично се познаваме во тимот, заедно сме неколку години и се надевам дека со правилен пристап ќе одиграме добар натпревар“.
Билетите за квалификациските натпревари се по цена од 100 денари за секој поединечен натпреварувачки ден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА