ЕКИПА во Хаифа, Израел
Владимир Булатовиќ
Израел загуби од Македонија (0-1) во Хаифа, а тоа можеби ќе биде и последен меч на клупата на националниот тим за досегашниот селектор Елиша Леви. А тој признава, дека Македонија беше подобра вечерва на стадионот „Сами Офер“. Ги истакна Елиф Елмас и Горан Пандев како решавачки фактор за одлука на мечот.
„Можеби мечот беше за реми, но тоа не е сега некакво оправдување за лошото наше издание. Македонија беше подобра, нема што, за тој еден гол. Одиграа мудро, знаевме дека е тежок противник и тоа се потврди. Оваа Македонија не е истата со онаа од Скопје. Ние ја подмладуваме репрезентацијата и ќе треба трпение за подобри резултати во иднина. Ако треба некого да издвојам од Македонија, тоа сигурно е искусниот Горан Пандев, но мора да го истакнам Елиф Елмас кој ја направи разликата!“, изјави Елиша Леви, селекторот на Израел, на прес – конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА