Леви: Јас не го избркав Постекоглу од Тотенхем

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви , го коментираше отпуштањето на Анџе Постекоглу по завршувањето на сезоната во која австралискиот стручњак ги предводеше Спарси до трофејот од Лигата на Европа .

Тој рече дека не бил иницијатор на  отказот на тренерот, и покрај тоа што му го донесе на тимот првиот трофеј после долги години.

„Имаме одличен однос со Постекоглу. Му реков дека тој секогаш ќе биде дел од нашата историја и дека ќе бидеме среќни повторно да го видиме. Тоа беше колективна одлука, а не моја лично. Емоционално беше многу тешко, но мислиме дека го направивме вистинскиот избор за клубот“, рече Леви во интервју објавено на официјалниот Јутјуб канал на Тотенхем.

Се вчитува...