Левиот бек на сензацијата на сезоната е голема желба на Гвардиола, но…

Фудбалерите на сензацијата на сезоната 2023/24, Жирона која по 16 одиграни кола во шпанското првенство е на врвот на табелата, го привлекоа вниманието на европските гиганти, па јасно е дека клучните играчи на шпанскиот лидер тешко дека ќе останат подолго во дресот на Жирона.

Еден од оние кои најмногу импресираа е Мигел Гутиерез, левиот бек за кој и во минатото постоеше интерес од англиските премиерлигаши. Според англиските медиуми овој 22-годишник се наоѓа високо на листата на желби на Пеп Гвардиола за ангажман во Манчестер Сити и „граѓаните“ се подготвени за неговите услуги да издвојат до 40 милиони евра.

Но, Манчестер Сити ќе се соочи и со „кралски“ проблем за негов ангажман со оглед на тоа што поранешниот клуб на Гутиерез, Реал Мадрид има опција за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“. Тој потекнува од младинската школа на шпанскиот гигант, а во Жирона се пресели претходната година за четири милиони евра.

„Кралевите“ дефинитивно ќе бараат нов лев бек следното лето, а останува да се види дали ќе тргнат по Гутиерез или ќе го конкретизираат интересот за Грималдо, кој има сезона за паметење во дресот на Бае рЛеверкузен.

Се вчитува...