Шкупи загуби со 0-2 од Левски во првиот натпревар од двомечот во 2. коло во Конференциската лига во натпревар во кој играта на теренот беше во втор план.
Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираше дека во врска со фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир, пред и за време на натпреварот.
Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив.
Со свое соопштение излезе и бугарскиот клуб, а ние ви го пренесуваме во целост.
„ПФК Левски ја изразува својата поддршка до сите поддржувачи погодени од инцидентите во Скопје. Клубот е во постојан контакт со бугарскиот амбасадор во главниот град на Република Северна Македонија, претставниците на бугарската полиција кои патуваа со делегацијата на Левски и обезбедуваат целосна помош за ослободување на нашите сонародници кои се приведени. Веднаш по инцидентите на стадионот во Скопје и приведувањето на нашите симпатизери, преземени се мерки од клубот и амбасадата на Република Бугарија во Скопје, во лицето на амбасадорот Ангел Ангелов и конзулот Георги Христов, да ги заштитат и да им го обезбедат потребниот статус во моментов“, се вели во соопштението на Левски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА