МЗТ Скопје приреди сензација во Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во полуфиналето го елиминираше Вардар со 57-73 и за прв пат во својата историја се пласираше меѓу најдобрите две екипи. До победата „сино-белите“ дојдоа на крилја на неверојатните Американки Ли и Симонс кои комбинираа 58 поени па двоцифрената негатива ја претворија во победа.
Отварањето на натпреварот беше целосно во знакот на кошаркарките на Вардар кои рано го наметнаа своето темпо па по 10. минути игра имаа предност од 20-8, а добрата игра на „црвено-црните“ продолжи и до средината на втората четвртина кога на семафорот стоеше „двојна предност“ за избраничките на Ашаднов (32-16). МЗТ Скопје не се откажа, напротив на крилја на американските засилувања од минута во минута ја топеше предноста, на полувремето стигна до едноцифрен негатива (34-26), а продолжи во ист ритам и во второто полувреме. Ли и Симонс беа незапирливи, ги предводеа „сино-белите“ до 22 постигнти поени во третата четвртина па и го превземаа водството за 41-48 на влезот од одлучувачките десет минути.
Реалзацијата во нападот продолжи да биде сериозен проблем за Вардар, а тоа знаеја да го искористат „сино-белите“ на спротивната страна за двоцифрено водство (44-55). Вардар преку зонската одбрана и обидите за три поени успеа да ја врати неизвесноста за 54-56, но на сцена стапи Симонс која со осум поени во низа одново донесе висока предност за својот тим, а клучот за победата беше тројката на Митрева на минута и пол до крајот за ново двоцифрено водство.
Со 22 поени Наков беше лидерка на Вардар, а неа ја следеше Нацевска со 12 поени. Ли со 30 поени и 6 скока го предводеше МЗТ Скопје, додека Симонс додаде 28 поени и 8 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА