Норвешкиот скијач Атле Ли Меграт е победник на неверојатната слаломска трка која што денеска се возеше во словенечкиот ски-центар Крањска Гора како дел од сезоната од Светскиот куп во алпско скијање.
Норвежанецот до победата стигна со вкупно време од 1:38.85 минута, што беше за само еден стоти дел од секундата подобро од сонародникот Хенрик Кристоферсен кој заврши на второто место.
Норвежанецот со бразилски пасо, Лукас Пинеиро Бротен заврши на третото место со четири стотинки зад времето на победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

