Во дербито на 4. коло, Башкими пред своите навивачи ќе бара нови бодови против Струга ТЛ. Домашниот тим е охрабрен од последните резултати и сака истото да продолжи и против Струга, која досега не знае за пораз.
Есмин Личина верува во своите соиграчи и во поддршката од кумановската публика, со која ќе атакува на трета победа оваа сезона во Првата лига.
„Играме против Струга ТЛ, која има стопроцентен учинок, три победи од три натпревари. Ние се подготвувавме за овој меч како и за секој досега. Имавме добар старт на сезоната и сакаме истото да продолжи и по ова коло“ – вели Личина.
Според него, екипата од Куманово е особено инспирирана кога игра пред домашната публика. Тој е свесен дека ги очекува тежок натпревар и вистински тест за Башкими.
„Ќе биде тешко, но Башкими на секој натпревар оди на победа, особено кога играме дома. Ќе дадеме сè од себе за да славиме и на овој меч“.
Башкими, по ремито со Арсими во првото коло, запиша победи против Работнички и Тиквеш. Од друга страна, Струга Трим Лум е максимална со три победи, против Македонија ЃП, Арсими и Работнички.
Натпреварот во Куманово се игра денеска (30 август) од 16:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

