Лидерот Шкендија и по ова коло сигурно ќе остане лидер со оглед дека има четири бодови предност пред второпласираниот Силекс. Лидерската позиција и бодовната предност Шкендија ќе ја брани со гостување во Кавадарци.
Тетовскиот тим вчера доби суспензија од ФФМ со пет натпревари без публика во Тетово после случувањата на минатиот меч со АП Брера кога навивачите не го испочитуваа едноминутниот молк поради трагедијата во Кочани.
Шкендија во последните пет кола има три победи, еден пораз и едно реми, а гостува на тим кој грчевито се бори за опстанокот. Тиквеш на последните три меча има два порази, кавадарчани се најслабиот тим на гостински терен, но кога се домаќини не е таква ситуацијата, па затоа токму домашниот терен е нивен најголем адут за бодови.
Второпласираниот Силекс ако сака да ја задржи битката за титулата во ПМФЛ тогаш ќе мора да оди на победа во Охрид кај Воска Спорт. И овој тим грчевито се бори за опстанок, ќе мора да оди на бодови, па затоа најдобрите две екипи во моментов ги очекува тешки задачи.
„Растурениот“ Гостивар игра како „гостин“ против Беса. Гостивар ќе биде во улога на гостин на својот стадион во Гостивар, каде не игра мечевите, туку ги игра на „Борис Трајковски“ во Скопје. Сепак, раздорот кај Гостиварци во последните неколку дена е на високо ниво, па Беса може да се надева на бодови. Гостивар се раздели со Алдаир, а тренерот Нобре наводно добил отказ на полувреме, па потоа се вратил.
Битка за бодови за опстанок ќе има и во Струмица. АП Брера го дочекува Вардар, кој игра одлично во пролетниот дел од сезоната, што не може да се каже за струмичани, кои претрпеа многу промени во ростерот. Исто така овие два тима подоцна ќе се сретнат и во полуфиналето на Купот.
И за крај, Шкупи на Чаир го пречекува Гостивар. Шкупи не може да биде загрозен ниту за опстанокот, а не може да фати приклучок кон водечките за евентуален излез во Европа, додека Работнички мора да брка бодови за да остане во трка за титулата или за место во Европа.
ПМФЛ, 26. КОЛО
ДЕНЕСКА, 15:00 ЧАСОТ
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР
Гостивар: БЕСА – ГОСТИВАР
Скопје, Чаир: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС
ВЧЕРА:
СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 4-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА