Лидерот по атак на „пиратите“, „лавовите“ гостуваат во Штип

Во првата македонска фудбалска лига денеска ќе се одиграат натпреварите од 26. коло. Лидерот на табелата Струга Трим и Лум го чека гостување на Автокоманда кај екипата на Скопје, која под палката на Мирсад Јонуз му го нанесе првиот пораз на Шкупи на Чаир сезонава.

Стружани се надеваат дека ќе успеат да дојдат до победа, го респектираат противникот, и велат дека нема да ги залаже позицијата  на Скопје на табелата.

„Имаме одличен квалитет и атмосфера во нашиот тим. Подготвени сме за мечот со Скопје. Нема да биде лесен, затоа што нашиот противник игра многу добро како домаќин. Го респектираме Скопје, не смее да не залаже позицијата на табелата, но имаме и свои цели, и ќе се бориме до крајот да ги оствариме и да дојдеме до целта, а тоа е победа“, рече голманот на Струга ТЛ Ведран Ќосевски.

Македонија ЃП после пласманот во големото финале на Купот на Македонија, гостува на Брегалница. Штип е секогаш тежок терен за противниците, а Македонија ЃП се надева дека  ќе победи и ќе го надмине својот противник на табелата.

„Респект за Брегалница, но во Штип одиме како да е финале, мораме максимално да пристапиме ако сакаме позитивен резултат. Ужуваме во постигнатиот успех во купот, но тоа е веќе позади нас, успехот ќе се потврди ако го освоиме Купот, затоа мораме да го нападнеме и 4. место на табелата за излез во Европа“, изјави Стојкоски.

ПМФЛ – 26. КОЛО (денеска, 15 ч.)

АКАДЕМИЈА П. – РАБОТНИЧКИ 

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

СКОПЈЕ – СТРУГА 

ПОБЕДА – ШКУПИ 

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 

СЛОБОДНА: ШКЕНДИЈА 

Се вчитува...