Лидерот на табелата во Евролигата екипата на Валенсија, лесно стигна до триумф над Црвена Звезда во салата „Александар Николиќ“ во Белград со 106-87. Српскиот тим беше немоќен против екипата која е на чело на табелата, кој во голема мера уште по првиот дел го реши победникот, откако на одмор замина со +17 поени.
Првата четвртина гостите од Шпанија ја добија со 34-20, а потоа во втората беа нешто „помеки“, па ја добија и таа со 20-17. Црвена Звезда успеа да намали од разликата во третиот период, но Валенсија на крајот не дозволи „црвено-белите“ да се доближат ниту блиску, и да ја загрозат победата.
Монтеро беше незапирлив кај победничкиот тим со 25 поени, додека кај Црвена Звезда Нвора постигна 22 поени.
Реал Мадрид благодарение на одличната последна четвртина, го „скрши“ тимот на Асвел со 69-80. И покрај тоа што Франвускиот тим имаше предност пред последната делница, сепак, шпанската екипа ја доби последната четвртина со неверојатни 24-8, и така дојде до триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

