Фудбалерите на Лидс јунајтед се последните патници во полуфиналето на најстарото фудбалско натпреварување во светот ФА купот, откако вечерва по изведување на пенали славеа против Вест Хем јунајтед со 2-4, откако по 120 минути беше 2-2.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Танака во 26. минута. Лидс имаше се во свои раце бидејќи ја удвои предноста (0-2) преку Калверт Луин од пенал во 75. минута. Сепак, домаќините не се откажуваа и во фуриозен финиш со головите на Фернандес во 93. и Дисаси 96. минута успеаја да израмнат на 2-2 и да го одведат натпреварот во продолженија.
Мрежите мируваа во продолженијата, а мечот замина во пенал рулетот. Taму Пабло и Боувен не реализираа пенал за домаќинот, а Лидс со 2-4 се пласираше во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

