Лидс го претстави наследникот на Алиоски

Лидс Јунајтед го комплетираше трансферот на Жуниор Фирпо од Барселона како нов лев бек на „Иланд Роуд“, каде овој 24-годишен дефанзивец ќе го наследи македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

Лидс вчера и официјално ја потврди разделбата од Алиоски, откако не беше постигнат договор за продолжување на соработката, а веќе денеска беше потврдено доаѓањето на Фирпо, кој потпиша четиригодишен договор со овој англиски премиерлигаш.

Фирпо е роден во Диминиканската Република, а досегашниот дел од кариерата ја мина во Шпанија, најпрвин во дресот на Бетис, за потоа да се пресели во Барселона. Најавуван како наследник на Алба, Фирпо никогаш не успеа да се наметне како прва опција на лев бек, по што во услови на финансиска криза каталонскиот гигант реши да го продаде во овој преоден рок.

Висината на трансферот на Фирпо од Барселона во Лидс изнесува 15 милиони евра.

Се вчитува...