Лидс го сака тренерот на Димитриевски, но Рајо не го дава

Раководството на Рајо Валјекано, го блокираше трансферот на својот тренер Андони Ираола во Лидс. Веќе денови во Англија се споменува можноста тренерот на Столе Димитриевски да биде наследниот на Џеси Марш на „Иланд Роуд“, но од тоа нема да има ништо.

Лидс го следеше Ираола кој го носи Рајо Валјекано до Лигата на шампионите, меѓутоа шпанскиот клуб не сака да се раздели од него.

Ираола поголемиот дел од играчката кариера ја мина во Атлетик Билбао, каде „учеше“ од Марсело Биелса, екс тренерот на Лидс. Управата на англискиот тим сега ќе мора да се сврти кон други кандидати. Многу време нема, затоа што во недела од 15 часот Лидс го чека нов натпревар со Манчестер Јунајтед.

Покрај Ираола, како кандидати се споменуваат тренерот на Феенорд Арне Слот, како и Карлос Корберан од ВБА.

Се вчитува...