Во поселдните два натпревари вечерва во рамките од 14. коло во Премиерлигата, се случија две изненадувања. Екипата на Лидс го совлада фаворизираниот Челси со 3-1, додека Ливерпул се врати на старите навики, и одигра само нерешено против Сандерленд на „Енфилд“, покажувајќи дека тимот и натаму е во криза и покрај победата пред неколку дена над Вест Хем.
Бијол во 6. минута донесе предност за Лидс, а пред крајот на полувремето предноста на домашните беше дуплирана со гол на Танака. Педро Нето во 50 минута намали, и се чинеше дека Челси тргнува во налет за да дојде до трите бода. Но, наместо тоа шок во 72. минута кога Калверт-Луин успеа да донесе 3-1, и три вредни бода за Лидс во битката за опстанок.
Екипата на Ливерпул беше многу блиску да запише и пораз од Сандерленд на домашен терен. Двата тима имаа по една статива се до голот на Талби во 67. минута со кој гостите поведоа. Вирц во 81. минута донесе израмнување. Исидор во 94. минута имаше зицер позиција за победа на Сандерленд, но Киеза спаси од самата гол линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

