Екипите на Лидс јунајтед и на Барнли во следната сезона ќе се натпреваруваат во Премиер-лигата откако ги осигураа првите две места во Чемпионшип дивизијата на две кола до крајот.
Лидс заврши работа со убедливата победа од 6-0 над Стоук, а вечерва Барнли го доби дербито со Шефилд јунајтед, со што клубот на нашиот Дарко Чурлинов има „плус осум“ во однос на третопласираниот Шефилд, за сигурна промоција во елитното друштво.
Саутемптон и Лестер веќе се испаднати од Премиер-лигата, а се очекува следниот викенд да се официјализира и испаѓањето на тимот на Ипсвич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА