Лидс и Барселона постигнале договор, Рафиња пред трансфер на „Камп Ноу“

Иако Рафиња беше пред трансфер во Челси, Барселона во последен момент ја доби битката откако понудила 60 милиони евра плус 10 милиони евра како бонуси, колку што бараше Лидс.

Бразилецот од самиот старт преферираше трансфер во Барселона и од поодамна има договор со каталонците.

Последните информации се дека двата клуба ги договориле последните детали и трансферот на Рафиња на „Камп Ноу“ е само прашање на време.

 

Се вчитува...