Лидс и Њукасл си ги поделија бодовите во битката за опстанок и за ЛШ… (ВИДЕО)

Лидс и Њукасл не успеаја да се изборат за себе, па се чини дека повеќе одиграа за своите конкуренти во битката за опстанок односно место во Лигата на шампиоите следната сезона, со ремито (2-2) во 36. коло од Премиерлигата.

Лидс, кој жестоко се бори за опстанок, дојде до предност на мечот со голот на Ејлинг уште во 7. минута од средбата. Откако Бамфорд во 28. минута промаши пенал и за 2-0 за Лидс, веќе во 31. минута Вилсон погоди за Њукасл за 1-1.

Во второто полувреме, Вилсон повторно беше успешен од белата точка во 69. минута за 1-2 за Њукасл.

Но, Кристенсен во 79. минута успеа да спаси барем бод за Лидс.

Се вчитува...