Откако испадна од Премиерлигата, Лидс објави дека се разделува со својот тренер Сем Алардајс. Клубот од Јоркшир и искусниот тренер се одлучија да ја прекинат соработката.
Алардајс го водеше тимот само еден месец, и не успеа да го спаси од испаѓање на последните четири меча. Иако не беше меѓу оние кои се претпоставуваше дека ќе испаднат, сепак, екипата како претпоследна од идната сезона ќе игра во Чемпионшип.
„Ми беше чест да го водам Лидс. Тоа е голем клуб со неверојатна база на навивачи кои заслужуваат да бидат во Премиерлигата. Навистина уживав во работата и сакам да се заблагодарам на соработката“, изјави Алардајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА