Лидс промаши пенал, Арсенал спаси жива глава на „Иланд роуд“

Арсенал ја продолжи победничката серија во Премиер-лигата откако „топчиите“ триумфираа со 0-1 на гостувањето против Лидс, со што осигураа дека и ова коло ќе го завршат на чело на табелата во елинтото англиско фудбалско друштво. „Пулените“ на Артета имаа и многу среќа ако се знае дека Лидс упати дури 15 удари кон голот на Рамсдејл, не реализирајќи стопроцентни шанси, па дури и еден пенал.

Како клучен момент се покажа погодокот што во првото полувреме го постигна Бакајо Сака. Родриго згреши при едно додавање на сопствената половина, Одегард го проигра Сака, а крилниот офанзивец со извонреден удар речиси од мртов агол го матираше Мелие.

Лидс тргна на се или ништо во второто полувреме, се редеа шансите во противничкиот шеснаесетник, а најубавата шанса ја промаши Бамфорд, кој шутираше крај голот по досудениот пенал за Лидс. Вистинска драма се случи во судиското продолжение, кога судијата Каванаг најпрвин покажа пенал за Лидс и црвен картон за Габриел, за по прегледување на снимката да ја смени одлуката во жолт картон и прекршок за Арсенал.

Се вчитува...