Лидс со гол во финишот до победа над Ливерпул среде „Енфилд“ (ВИДЕО)

Ливепрул и Лидс ги одмерија силите во рамки на 14-то коло од англиската Премиер-лига, дуел кој припадна 1-2.

Мечот го отворија гостите по една аматерска грешка на дефанзивата на Ливерпул, Родриго го искористи поклонот и беше прецизен за 0-1 во 4. минута. По само десет минути следуваше одговорот на „црвените“, Мохамед Салах по една нафрлена топка во шеснаесетникот реагираше мирно и прецизно за 1-1, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел Ливерпул ја презеде во целост контролата над натпреварот, иако беа свесни за опасноста од гостите и нивните брзи контранапди. Голманот на Лидс, Илан Меслиер беше јунак на мечот, одбрани се што можеше, а тоа го награди Крисенсио Самервил во 89. минута, постигнувајќи супер интелегентен гол за пораз на Ливерпул среде „Енфилд“.

 

 

Се вчитува...