ЛИГА ЕВРОПА: Астон Вила и Фрајбург веќе итаат кон полуфинале, реми во Порто

Астон Вила и Фрајбург веќе во голема мера може да се сметаат полуфиналисти во Лигата на Европа, по значајните победи во првите четвртфинални пресметки.

Астон Вила со 1-3 славеше на гостувањето против Болоња, по што реваншот во Англија се очекува да биде само формалност.

Конса во 44. минута донесе предност од 0-1 за Астон Вила, а Воткинс во 52. минута ги постави конечните 0-2.

Домашните успеаја да намалат со голот на Рове во 90. минута на 1-2, но во четвртата минута од судиското продолжение Воткинс заокружи на конечни 1-3.

Фрајбург, пак, на домашен терен славеше убедливо со 3-0 против шпанска Селта Виго.

Грифо погоди за 1-0 во 10. минута, Бесте во 32. минута зголеми на 2-0, а Гинтер во 78. минута ги постави конечните 3-0.

Неизвесно ќе биде на реваншот меѓу Нотингем Форест и Порто, откако вечерва во Португалија мечот заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...