ЛИГА ЕВРОПА: Баер Л. со два гола во судиско продолжение се извлече пред Карабах , „машинеријата“ на Ливерпул нема милост

Баер Леверкузен шокирачки беше пред елиминација во осминафиналето од Лигата на Европа од азербејџански Карабах, но успеа со два гола на Шик во 93. и во 97. минута да дојде до триумф од 3-2 пред своите навивачи со што се избори за четвртфинале во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Тимот од Леверкузен имаше негатива од 0-2 по головите на Зубир во 57. минута и Жунињо во 68. минута, но Баер Леверкузен на неверојатен начин успеа да се пласира во четвртфиналето.

Најпрво Фримпонг во 72. минута намали на 1-2, а потоа на сцена стапи Шик со два гола во судиското продолжение за победа на фаворитот.

Машинеријата на Ливерпул „меле“ и во Лига Европа со нова убедлива победа, овој пат од 6-1 против Спарта Прага. Нуњез, Кларк, Салах и Гакпо стрелаа за „црвените“ во првото полувреме, а Собослаи и Гакпо погодија и во вториот дел за конечни 6-1.

И Рома се пласираше во четвртфиналето во Лигата на Европа, и покрај тоа што загуби со 1-0 на гостувањето против Брајтон.

Аталанта, пак, го елиминираше Спортинг Лисабон откако славеше со 2-1 на реванш дуелот во Бергамо, по оние 1-1 од првиот меч во Лисабон.

ЛИГА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Аталанта – Спортинг Лисабон        2-1 (1-1)
Баер Л. – Карабах                                 3-2 (2-2)
Брајтон – Рома                                       1-0 (0-4)
Ливерпул – Спарта Прага                 6-1 (5-1)
* Во заградите се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...