Порази на балканските екипи во првите плеј-оф натпревари во Лигата на Европа, со што веќе се пред елиминација во 1/16-финалето на второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Динамо Загреб убедливо со 1-3 загуби од Генк. Белгијците имаа водство од 0-2 веќе по само 20 минути, а Белјо во 44. минута намали на 1-2.
Сепак, Генк во второто полувреме преку Ел Куади во 90.минута не застана на тоа, па со уште гол дојде до конечна победа од 1-3.
Фенербахче исто така среде Истанбул беше „потопено“ од Нотингем Форест со 0-3, а солунски ПАОК на домашен терен загуби со 1-2 од Селта Виго.
Fenerbahçe 0-1 Nottingham – Murillo 21′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Доминацијата на гостите ја дополни Болоња со триумф од 0-1 против норвешки Бран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

