Ливерпул е веќе речиси сигурен во следна фаза од Лигата на Европа откако ја запиша и третата победа во Групата Е, овој пат на домашен терен против Тулуз убедливо со 5-1.
Диого Жота, Ендо и Нуњез во првото полувреме, како и Гравенберх и Салах во второто полувреме беа стрелци во победата на „црвените“ на Енфилд.
Следна рунда европски натпревари сигурно ќе имаат и Рома во Групата Г, како и Баер Леверкузен во Групата Х кои исто така запишаа лесни победи.
ЛИГА ЕВРОПА (3. КОЛО)
ГРУПА Б
Марсеј – АЕК 4-1
Брајтон – Ајакс 2-0
ГРУПА Е
Ливерпул – Тулуз 5-1
Ројал Унион – Ласк 2-1
ГРУПА Ф
Панатинаикос – Рен 1-2
ГРУПА Г
Рома – Славија Прага 2-0
Шериф – Сервет 1-1
ГРУПА Х
Молде – Хакен 5-1
Баер Л. – Карабах 5-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

