ЛИГА ЕВРОПА: Билбао ја „демолираше“ Рома…, Бодо Глимт го елиминираше Олимпијакос

Атлетик Билбао, Ајнтрахт Франкфурт, Лацио и Бодо Глимт обезбедија четвртфинале во Лигата на Европа.

Атлетико Билбао на реванш дуелот пред своите навивачи славеше со 3-1 против Рома, и успеа да ја анулира предноста на „волчицата“ од 1-2 од првиот меѓусебен дуел во Рим.

Шпанците со два гола на Нико Вилијамс и еден на Јури успеа да дојде до 3-0, а гостите со голот на Паредес од пенал во 92. минута единствено успеаја да го ублажат поразот.

Ајнтрахт Франкфурт обезбеди четвртфинале со нова победа над Ајакс, овој пат убедливо со 4-1 пред своите навивачи.

Лацио, пак, ремизираше во Рим со 1-1 пред Викторија Плзен, и благодарение само на победа од 2-1 од првиот меч во Чешка успеа да дојде до четвртфинале.

Четвртфинале има и за норвешки Бодо Глимт кој загуби со 2-1 од Олимпијакос во Атина, но на првиот меч во Норвешка славеше со 3-0 сосема доволно за продолжување во Европа.

Се вчитува...