Лигата на шампионите оваа сезона ќе мине без ниеден македонски фудбалер, но затоа имаме повеќе претставници во групите од Лигата на Европа. Елиф Елмас со тимот на Фенербахче вечерва му гостува на Динамо Загреб. Но, Аријан Адеми поради повредата на бутниот мускул нема да може да биде во составот за да има „македонски дуел“ на „Максимир“.
Иван Тричковски и Даниел Мојсов како дел од АЕК Ларнака ќе бидат домаќини на Цирих, а Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон ќе го пречека Карабах. На домашен терен ќе настапи и Бобан Николов во дресот на МОЛ Види во дуелот против Бате Борисов.
Најатрактивни се очекува дабидат натпреварите ПАОК – Челси, Олимпик Марсеј – Ајнтрахт Франкфурт, Севилја – Стандард, Вилјареал – Глазгов Ренџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА