Елиф Елмас и неговиот Наполи овогодишниот настап на интернационалната сцена го завршуваат во шестнаестфиналето од Лига Европа каде беа елиминирани од Барселона која во Неапол славеше со 2-4 по ремито на „Камп Ноу“. Македонецот целиот натпревар го помина на теренот, но овој пат не успеа да му помогне на својот тим за позитивен резултат.
Текот на мечот каталонците го назначија уште во 8. минута по голот на Алба, а Де Јонг во 13. минута со еврогол донесе комотна предност за својот тим која ја анулираше Инсиње во 23. минута преку пенал. До крајот на првото полувреме мрежата ја затресе и Пике за 3-1 по 45. минути игра.
Второто полувреме донесе два гола. Првиот го постигна Обамејанг во 59. минута, а поразот го ублажи Политано во 87. минута.
Елиминација доживеа и Борусија Дортмунд која и покрај ремито против Ренџерс (2-2), не успеа да ја надомести негативата стекната од првиот натпревар одигран во Германија. По реми елиминиран беше и Зенит чие гостување кај Бетис заврши со 0-0 откако ВАР на Русите им поништи гол за победа во 91. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА