ЛИГА ЕВРОПА: Фенербахче го реши Ројал Унион, Глазгов Ренџерс на гости подобар од Малме (ВИДЕО)

Истанбулски Фенербахче и шкотски Глазгов Ренџерс запишаа победи во денешните први два натпревари од првото коло во новиот формат на Лигата на Европа.

Фенербахче на домашен терен славеше со 2-1 против белгиски Ројал Унион. Турците поведоа со голот на Сојунчу во 26.минута, а со автоголот на Бургес во 82. минута дојдоа и до 2-0. Белгијците во 94.минута само го ублажија поразот.

Во Шведска, пак, Глазгов Ренџерс на гости триумфираше со 0-2 против Малме.

Бајрами уште во 1.минута постигна гол за водство од 0-1 на Ренџерс, а МекКосланд во 76. минута заокружи на 0-2.

Се вчитува...