ЛИГА ЕВРОПА: Ференцварош ја надополни негативата и го елиминираше Лудогорец, пирова победа за Селтик (ВИДЕО0

Фудбалерите на Ференцварош и Штутгарт се пласираа во осминафиналето на Лигата на Европа, a двата натпревари меѓу Црвена Звезда и Лил, односно Викторија Плзен и Панатинаикос, во моментов се играат низ продолженија.

Во Будимпешта, Ференцварош ја надомести негативата од 1-2 од првиот натпревар во Разград и го победи Лудогорец со резултат од 2-0, за вкупно 3-2.

Унгарците ја надоместија негативата поведувајќи со 2-0 уште во првиот половина час, кога Каничовски постигна гол за 1-0 во 14. минута, а Закаријасен во 30. минута стрелаше за 2-0.

Селтик, пак, славеше со 0-1 на гостувањето против Штутгарт, но сето тоа залудно затоа што Германците славеа со 4-1 на првиот натпревар во Шкотска.

Stuttgart 0-1 Celtic – Luke McCowan 1′ | agg. 4-[2]
by
u/4gjdtokurwa in
soccer

Се вчитува...