Манчестер јунајтед го запиша и третото реми во 3. коло од Лигата на Европа, одигрувајќи без победник (1-1) сега и на гостувањето против Фенербахче во Истанбул.
„Црвените ѓаволи“ поведоа на мечот со голот на Ериксен уште во 15. минута, но Ен Несири израмни за домашните во 49. минута за конечни 1-1.
Лацио и Тотенхем и Андерлехт со максимален ефект го запоседнаа врвот по три одиграни натпревари.
Лацио триумфираше со 0-2 на гостувањето против Твенте со головите на Педро во 35. минута и на Исаксен во 87. минута.
GOLLLL
Twente 0 – 1 Lazio
Pedro#Twente #Lazio #TWELAZ pic.twitter.com/GdC2WVwLCa
— Transfer Haberleri ve Gelişmeler (@HaberGols) October 24, 2024
Тотенхем го победи Аз Алкмар со погодокот на Ричарлисон од пенал во 62. минута, а Андерлехт беше поуспешен од Лудогорец, триумфирајќи со 2-0 со головите на Едози во 67. минута и Дрејер во 95. минута.
ЛИГА ЕВРОПА – 3. КОЛО
Андерлехт – Лудогорец 2-0
Атлетик Билбао – Славија Прага 1-0
Лион – Бешикташ 0-1
Фенербахче – Манчестер јунајтед 1-1
Малме – Олимпијакос 0-1
Порто -Хофенхајм 2-0
Глазгов Ренџерс – ФЦСБ 4-0
Тотенхем – АЗ Алкмар 1-0
Твенте – Лацио 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА