Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе имаат повеќе од тешка задача за пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа, откако во првиот осминафинален дуел загубија од Тотенхем во Лондон со 2-0.
Хари Кејн им пресуди на загрепчани со головите во 25. и 70. минута.
Арсенал е веќе со едната нога во четвртфиналето откако славеше на гостувањето против Олимпијакос со 1-3. Стрелци на головите за „топчиите“ беа Одегард во првото полувреме, и Габриел и Елнени во вториот дел.
Блиску до четвртфинале е и Рома која со 3-0 славеше против Шахтјор Доњецк. Гранда со 2-0 славеше против норвешки Молде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА