Ајнтрафт Франкфурт славеше со 1-2 на гостувањето во Севилја кај Реал Бетис во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во второто по ранг европско фудбалско натпреварување Лигата на Европа.
Водство за гостите донесе Филип Костиќ со најубавиот гол сезонава во Лигата на Европа. На 1-1 израмни Набил Фекир во 30. минута, а само две минути подоцна Камада повторно ги донесе гостите во предност (1-2). Германците може да жалат што не стигнаа и до поубедлива победа бидејќи Боре во 52. минута промаши пенал.
Во вториот натпревар од денешната понуда Олимпик Лион славеше на гостувањето кај Порто со 0-1. Херој за Французите беше Лукас Пакета кој победничкиот гол го постигна во 59. минута. Претходно уште во 20. секунда од натпреварот по дуел со Пепе, Бразилецот заврши во нокаут на теренот на „Драгао“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА