Лацио е осамен лидер со максимален број бодови на врвот од табелата во Лигата на Европа по четири одиграни кола.
„Лацијалите“ се сместија на врвот со 12 бода откако славеа на натпреварот против Порто со 2-1 благодарение на голот на Педро во 92. минута од средбата.
Pedro scores for Lazio at stoppage timespic.twitter.com/PF69fewuKJ
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 7, 2024
Ајакс убедливо славеше со 5-0 против Макаби Тел Авив, а Андерлехт испушти триумф на гостувањето против РФС во Рига, откако домашните со гол во последната минута дојдоа до 1-1.
Манчестер јунајтед, пак, славеше со 2-0 против ПАОК со головите на Диало во 50. и во 77. минута.
ЛИГА ЕВРОПА – 4. КОЛО
Ајакс – Макаби Тел Авив 5-0
АЗ Алкмар – Фенербахче 3-1
Динамо Киев – Ференцварош 0-4
Хофенхајм – Лион 2-2
Лацио – Порто 2-1
Манчестер јунајтед – ПАОК 2-0
РФС – Андерлехт 1-1
Викторија Плзен – Реал Сосиедад 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА