Француски Тулуз славеше против Ливерпул со 3-2 во 4. коло од Групата Е во Лигата на Европа, по што се чини и двете екипи веќе чекорат кон следната фаза од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Тулуз поведе со 2-0 со головите на Донум и Далинга, а Ливерпул намали на 2-1 во 74. минута со автоголот на Касерес. Сепак, домашните веќе во 76. минута со погодокот на Магри повторно дојдоа до предност од два гола, 3-1. Ливерпул намали на 3-2 со голот на Диого Жота во 89. минута, а во 97. минута англискиот тим постигна и погодок за израмнување, но беше поништен поради играње со рака на гостите.
Во Групата Г, Славија Прага ја победи Рома со 2-0 со головите во второто полувреме на Јурецка во 50. минута и Масопуст во 74. минута од натпреварот.
Во оваа група веќе е јасно дека Славија Прага и Рома ќе продолжат во следната рунда натпревари во Лигата на Европа.
Во Групата Б, Брајтон чекори кон пласман во следната фаза натпревари во ЛЕ откако славеше на гостувањето против Ајакс со 0-2.
ЛИГА ЕВРОПА – 4. КОЛО
ГРУПА Б
Ајакс – Брајтон 0-2
АЕК – Марсеј (21 ч.)
ГРУПА Е
Тулуз – Ливерпул 3-2
ЛАСК – Ројал Унион 3-0
ГРУПА Ф
Рен – Панатинаикос 3-1
Макаби Хаифа – Вилјареал 1-2
ГРУПА Г
Славија Прага – Рома 2-0
Сервет – Шериф Тираспол 2-1
ГРУПА Х
Карабах – Баер Леверкузен 0-1
Хакен – Молде (21 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА