ЛИГА ЕВРОПА: Милан лесно, Тотенхем и Мурињо загубија во Антверпен, Ц. Звезда го „здроби“ Либерец

Милан без ниту најмали проблеми стигна до убедлив триумф од 3-0 против Спарта Прага во 2. коло од Групата Х во Лигата на Европа. „Миланезите“ триумфираа со головите на Леао, Диаз и Далот.

Тотенхем и Жозе Мурињо, пак, загубија со 1-0 на гостувањето против Антверпен. Стрелец на победничкиот гол за домаќините беше Рефаелов во 29. минута од средбата.

Црвена Звезда го декласираше Либерец победувајќи со 5-1, а Динамо Загреб на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ремизираше без голови на гостувањето против ЦСКА Москва. Адеми го одигра целиот натпревар за хрватскиот тим.

ЛИГА ЕВРОПА (2. КОЛО)

ГРУПА Г

АЕК – Лестер 1-2

Зорја – Брага 1-2

 

ГРУПА Х

Милан – Спарта Прага 3-0

Лил – Селтик 2-2

 

ГРУПА И

Карабах – Виљареал 1-2

Сиваспор – Макаби ТА 1-2

 

ГРУПА Ј

Антверпен – Тотенхем 1-0

ЛАСК – Лудогорец 4-3

 

ГРУПА К

ЦСКА – Динамо Загреб 0-0

Феенорд – Волфсбергер 1-4

 

ГРУПА Л

Ц. Звезда – Либерец 5-1

Гент – Хофенхајм 1-4

 

Се вчитува...